Економија, финансии, бизнис

Контакт

Среќен играч на НОВОЛОТО добил повеќе од 300.000 денари

Среќен играч на НОВОЛОТО добил повеќе од 300.000 денари
Последното издание, 78то коло на Новолото кое се емитуваше на Сител Телевизија  во саботата на  27.09.14,  уште еднаш внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив, информираат од Државната лотарија на Македонија. Имено ова коло донесе нов  среќен добитник, овојпат на добивката 6+1 вредна 303.796,00 денари. Нашиот компјутерски систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена на 26.09.14 во продажното место 600014 Горичко КДН ДООЕЛ.  Добитникот уплатил 2 комбинации НОВОЛОТО, се заедно 30 денари. Добивката е постигната во првата комбинација. Годинава има уште тројца добитници на оваа премија. Во месец февруари, гостиварчанец кој сакаше да остане анонимен, беше добитникот на премијата 6+1, вредна 475.411,50 денари во 14то коло,  а во април го иамвме вториот среќен добитник на оваа добивка. Имено 27 коло емитувано на 02.01.14 го донесе добитникот на добивката 6+1 вредна 509.724,50 денари. Третиот добитник го добивме пред еден месец, поточно во 67 коло кое се емитуваше во август. Добитникот  од ова коло, своето среќно Новолото ливче го уплатил во Охрид. Новото 79 коло од НОВОЛОТО веруваме дека повторно ќе донесе многу забава, возбуда и добивки. Уплатата за него е во тек, а самото извлекување ќе може да го следите на Сител телевизија во среда на 01.10.14 од 20 ч, велат од Државната лотарија.
Слично

Поврзани вести