Средношколците во четврток излегуваат на марш
Под мотото „СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ“ средношколците повикуваат на првиот средношколски марш кој ќе се одржи во поголем број градови низ државата.
„Да се собереме во што поголем број со цел да го искажеме нашиот револт кон лошите реформи! Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам! Време е да покажеме дека нема да дозволиме да го уништат образовниот систем за нас и за идните генерации! Затоа дојдете и придружете се!“, стои во нивното соопштение објавено на нивната официјална страна на Фејсбук.
Кодекс на однесување за време на маршот: Забрането е: 1. Истакнување на партиска, религиозни и етнички симболи 2. Секаков вид на вандализам • Палење на учебници и сл. • Уништување на јавен имот 3. Пропагирање на вертикална структура 4. Насилство и говор на омраза 5. Користење на алкохол и опојни дроги 6. Оружје и пиротехника
Досега поддршка за маршот искажале од :
Скопје: https://www.facebook.com/events/679466998830029/ Тетово: https://www.facebook.com/events/333730333500517/ Струга: https://www.facebook.com/events/600874110049154/ Струмица: https://www.facebook.com/events/440425559447497/ Кочани: https://www.facebook.com/events/932920886738727/ Ресен: https://www.facebook.com/events/864046430330003/

