Средношколци подгответе се за конференцијата „Да го следам ли својот сон?“

За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминентни гости говорници, на средношколците од цела Македонија, со фокус на 2-ра и 3-та година, сè со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професионална кариера.
Овој традиционален настан, во изминативе шест години го имаат посетено повеќе од 700 средношколци од дваесетина училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценет како успешен и извонредно корисен во изборот на нивната идна професија. Местата за настанот се ограничени и ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на info@nova.edu.mk.
Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.
Во продолжение е и предлог агендата на конференцијата:
7-ма Ротари конференција за професионална ориентација „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“
Агенда
11:00 - 12:30 Отварање на конференцијата и пленарна сесија (обезбеден вебстриминг на www.nova.edu.mk)
Воведно обраќање на Сашка Костовска - Длака – претседател на Ротари клубот Скопје Камен Мост за 2018/19¬
Обраќања на:
Виктор Мизо – Извршен директор на Костал Македонија
м-р Марта Наумовска Грнарова – Генерален менаџер на Завар компани, основач и менаџер на Завар дизајн и Претседател на MAMEI
Бранко Огњановски – продуцент
12:30-12:45 Кафе пауза
12:45-13:45 Прва break-out сесија во мали групи
• Професионални области*:
o Архитектура и градежништво;
o Економија, бизнис и финансии;
o Електро-техника, електроника, информатика, машинство и автомобили;
o Маркетинг, медиуми и односи со јавноста;
o Медицина, стоматологија и фармација;
o Право и адвокатура
o Настава, наука и истражувања
13:45 -14:30 Ручек и дружење со учесниците
14:30-15:15 Втора break-out сесија во мали групи
• Професионални области*:
o Архитектура и градежништво;
o Економија и финансии;
o Бизнис и претприемништво;
o Електро-техника, електроника, информатика, машинство и автомобили;
o Маркетинг, медиуми, и односи со јавноста;
o Медицина, стоматологија и фармација;
o Право и адвокатура
o Уметност, дизајн и креативни индустрии
* Говорниците се членови на Ротари клубот Скопје Камен Мост
