Економија, финансии, бизнис

Контакт

Срцепарателна поука на 80-годишен старец која ќе ве доведе до солзи!

Срцепарателна поука на 80-годишен старец која ќе ве доведе до солзи!

80-годишен човек си седел сам со својот 45-годишен син во нивната семејна куќа, а тогаш од никаде на прозорот слетала една врана. Таткото го запрашал својот син: „Сине што е тоа таму на прозорот?“ Синот после неколку секунди му одговорил кратко: „Врана“.

Потоа таткото повторно го прашал: „Сине што е тоа?“ Синот повторно рекол: „Татко мој драг, само што ти кажав, тоа е некоја црна врана“.

После неколку минути, таткото повторно го прашал синот и трет пат: „Сине што е тоа?“. Сега веќе со голема нервоза во гласот, синот повторно одговорил. -„Тоа е врана, врана. 

После еден час, таткото по четврт пат го прашал својот син истото прашање. Тогаш синот повторно силно викнал: „Зошто често ми го повторуваш тоа твое исто пршање?! Толку пати ти кажав дека тоа е црна врана. Како веќе не ме разбираш?“

Таткото тогаш отишол до својата соба и се вратил со својот стар дневник. Почнал да го чита од почеток: „Денес мојот мал тригодишен син сам седеше со мене на мојот кауч, а тогаш врана дојде на нашиот прозор. Мојот мал син едно 23 пати ме праша што е тоа на прозорот а јас сите тие 23 пати благо и со голема насмевка одговорив дека тоа е црна врана. Го прегрнував секој пат по неговото поставено прашање, и никогаш не се нервирав“.

Треба секогаш да бидеме многу стрпливи и благи кон своите драги родители бидејќи тие не одгледале и се жртвувале само за нас. Да не биле тие, каде би биле ние?

Треба секогаш да им бидеме многу благодарни и да се трудиме да бидеме што подобри спрема нив. Посебно треба да имаме многу повеќе разбирање за нив кога влезат во своите години.

Слично

Поврзани вести