Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србин открива колку пари може да ви донесе производството на хељда

Србин открива колку пари може да ви донесе производството на хељда

Данко Видојковиќ од српскиот град Сврлиг,  за Фактор раскажува како изгледа се произведува хељда и колку овој агробизнис може да биде рентабилен.

За хељдата вели дека ја одгледува веќе пет години, а таа не бара многу работа, освен што треба да се исчисти од трева во период додека расте. Ја произведува на органски начин и вели дека може да донесе добра заработка, под услов да не бидат тоа мали површини.

„Може да биде профитабилна, но на голема површина од 5-6 хектари.  Многу е здрава за употреба, не содржи глутен. Живееме во Сврлиг, а хељда одгледуваме во селото Манојлица. Заради органското производство се сее во мај, а се жнее при крајот на септември или кога ќе биде зрела. Работиме јас и сопругата, обработуваме околу 30 хектари по цела Србија. Ја продаваме како брашно, моментално до сертификација  на еден нов производ без глутен, а цената на брашното е 400 динари. Хељдата нам ни е потребна само ако успее како производ. Здрава е, го подобрува вкусот на лебот, печивата, убаво мириса. За младите не знам дали сакаат да ја одгледуваат хељдата, за нас беше интересна, а моите деца сакаат да ја користат иако се мали“- вели тој.

Во Србија, Босна и Хрватска хељдата  се одгледува повеќе векови. Таа е многу здрава и ја нарекуваат супер храна. И во Македонија има обиди да заживее оваа култура, но во соседна Србија таа има подолга традиција и е повеќе распространета.

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести