Србија ги укина царините за увоз на житни и маслодајни култури
Српската Влада одлучи да ги укине царините за увоз на житните и маслодајните култури, до следната жетва. Нема да се наплаќа царина за увоз на пченица и семенска маслодајна репка се до 30 јуни следната година. За пченката, сојата и семенскиот сончоглед одлуката ќе важи до 31 август следната година. Српските власти се одлучиле на ваков чекор, со цел да се ублажат последиците од сушата што годинава го зафати целиот регион, поради што драстично се намалени приносите од сите поледелски кулутури. На овој начин се очекува да се заштити домашниот пазар на овие земјоделски производи.
Слично
