Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спремни за револуција? Revolut пристигна и во Македонија!

Спремни за револуција? Revolut пристигна и во Македонија!

Британскиот сервис чија мисија е да направи револуција во финансискиот систем официјално објави дека од почетокот на годинава станува достапен и за граѓаните на Република Македонија.

Revolut е нов начин како инстантно да примате, испраќате и да трошите пари низ целиот свет без никаква банкарска провизија.

Revolut IMG_2

Вашата Revolut сметка можете да ја користите за да реализирате купувања секаде, низ целиот свет, во било која валута, да испраќате пари преку SMS, eMail, WhatsApp или социјалните медиуми и во целиот тој процес да заштедите бидејќи нема да имате никакви банкарски провизии . Сѐ штотребадаимате епаметентелефон (Android или iPhone) идајасимнете Revolut апликацијата од  Google Play или AppStore .

Откако ќе го креирате вашиот профил, можете да трансферирате средства од вашата дебитна картичка/акаунт кон Вашиот Revolut акаунт и така добивате интернационална виртуелна сметка која можете да ја користите низ целиот свет.

Revolut Logo

Исто така, со само неколку клика може да ја нарачатеMaster Card Revolut картичката и истата физички да пристигне на вашата домашна адреса за неполни 15 дена. Со картичката може да плаќате на интернет и во продавница, во Македонија и во светот.

Со почетокот на годинава Revolutобјави дека влегува во повеќе земји од регионот, а во Скопје наскоро ќе биде отворено и официјално претставништво на компанијата.

Слично

Поврзани вести