Спортското игралиште во Инџиково отсега уште позелено - Иуте заедно со пријателите засадија 150 садници
На настан кој се одржа минатиот викенд и во партнерство со Општината Гази Баба, беа донирани и засадени 150 дрва со коишто спортското игралиште Инџиково доби сосема ново зелено руво, како заложба на компанијата за поздрава околина.
Под мотото “Растеме заедно” и здружени со дечињата од СОС Детско Село, дечињата од Гази Баба и фудбалскиот клуб, игралиштето Инџиково доби сосема ново зелено руво, додека сите учесници добија дрво со свое име и иницијали, кое беше засадено и ќе се одржува низ годините како симбол на растење и извор на надеж.

“Она што ја прави оваа еко акција уникатна и посебна не е само нејзината одржливост, туку симболиката на раст, грижа, влевање надеж и пораката што ја испраќаме за улогата што секој од нас ја има за креирање на подобра и почиста животна средина. Посадените дрва ќе бидат и одржувани низ годините, благодарејќи на соработката со Општина Гази Баба. Локацијата беше избрана во непосредна близина на децата од СОС Детско Село, за тие да можат да ги посетуваат и да сведочат на нивниот раст. Ова е само почеток, ќе продожиме и натаму да бидеме директни учесници, помагачи и едукатори во секој општествен сегмент на кој му е тоа потребно, со голема надеж за една долгорочна поубава слика за генерациите кои доаѓаат”, вели Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте.

“Голема благодарност до Иуте и нивните вработени што нé вклучија во оваа општествено одговорна акција. Иуте е наш стратешки партнер и веќе четврта година ја поддржува работата и мисијата на СОС Детско село. Особено нѝ е драго што посадените дрвца се наоѓаат на само неколку чекори од СОС детско село и на тој начин повеќе од 50 деца и млади посадија свое дрво и му дадоа свое име, ќе можат редовно да грижат за “своето” дрво”- додаде Силвија Брајовиќ, Директор на оддел за собирање средства и комуникации во СОС Детско Село.

Донацијата е резултат на меморандумот за соработка помеѓу Иуте и Општина
Гази Баба, со којшто не само што се обезбедуваат насади за пошумување, туку и
нивна одржливост низ годините, како дел од
планираните активности кои Иуте ги реализира како општествено-одговорна
компанија која континуирано инвестира во заедницата.
Соработката е дел од неодамна започнатото партнерство на Иуте
со Man And Mountain LLC, на тој
начин приклучувајќи се кон најголемите еко иницијативи во нашава земја, во
рамки на проектот за пошумување Сончева гора.
Негувањето на овие вредности е од суштинско значење, а целта
на Иуте е и по завршување на настанот да продолжи да работи на јакнење на
свеста, придонес кон заедницата и поддршка на вакви и слични иницијативи.
Растеме заедно, садиме надеж и иднина, создаваме вредности за идните генерации и нова перпектива.


ПР објава
