Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според новите прописи животните во Македонија ќе јадат ГМО-храна – А, ние што ќе јадеме?!

Според новите прописи животните во Македонија ќе јадат  ГМО-храна – А, ние што ќе јадеме?!

Животните во државава од октомври може да се хранат со генски модифицирана храна. Правилникот за условите за издавање одобрение за ставање во промет на ГМО-храна е готов и пред неколку дена е излезен во „Службен весник“.

Во Агенцијата за храна велат дека правилникот е само синхронизиран со европските закони и дека Македонија не е ништо различна од другите земји.

За нецели четириесетина дена сите фирми што се заинтересирани за увоз, со посебно одобрение може да увезуваат и произведуваат храна за животни што содржи ГМО.

Посебно обележување на сточната храна не е потребно ако таа во својот состав има помалку од 0,9 отсто храна произведена како ГМО. Во спротивно, на декларацијата мора да стои дека крмната смеса е генски модифицирана.

„Ако животното е хрането со пченка или со соја со ГМО, тоа значи дека месото, путерот или сирењето добиени од такви животни може да содржи генетички модифицирани организми“ – објаснуваат тие.

Слично

Поврзани вести