Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според најновите анализи на Водовод Скопје пие безбедна вода

Според најновите анализи на Водовод Скопје пие безбедна вода

ЈП Водовод и Канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.11.2019 до 08.11.2019 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во градот Скопје“, информираат денеска од ова ЈП.

Како што велат, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Слично

Поврзани вести