Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Споменикот на Мајкл Џексон“ со премиера во Карлови Вари

„Споменикот на Мајкл Џексон“ со премиера во Карлови Вари
Копродукцискиот филм „Споменикот на Мајкл Џексон“ на сценаристот и режисер Дарко Лунгулов во кој копродуцира Македонија, ќе ја доживее својата светска премиера на 7 јули, на угледниот фестивал од А категорија во Kарлови Вари. Филмот е селектиран во натпреварувачката програма „Источно од Западот“. Филмот е црна комедија, во која режисерот Лунгулов низ приказната на Берберот Марко се обидува да ни ја прикаже социјалната приказна на неколку карактери и нивната судбина во едно мало место на Балканот. Берберот Марко во еден момент се решава на очајнички потег да го спаси својот брак и со тоа да ја импресионира својата жена Љубинка, а воедно да го оживее своето гратче кое е на умирање, решава да му подигне споменик на поп идолот Мајкл Џексон. Главните улоги ги толкуваат Борис Миливојевиќ и Драган Бјелогрлиќ, а адна од главните улоги од кај нас ја толкува Тони Михајловски, а помали, но значајни епизодни улоги од Македонија имаат Петар Мирчевски и Жаклина Стефковска. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Бранислав Трифуновиќ, Наташа Тапушковиќ, Мирјана Kарановиќ, Љубомир Бандовиќ… Филмот се снимаше во Србија и Македонија, а од Македонија во филмот учествуваа и сценографот Kирил Спасески, снимателот на звукот Игор Поповски, бум-операторот Дарко Бошковски, а продуцент на филмот е Огнен Антов. Kопродуценти на филмот се и Германија и Хрватска. Филмот е финансиски поддржан и одФилмскиот фонд на Република Македонија. Публиката во Македонија ќе го види филмот во почетокот на ноември.
Слично

Поврзани вести