Споменик на Тито поставен во Центар
Во Скопје е поставен споменик на Јосип Броз Тито, непосредно пре гимназијата во центарот на градот која го носи неговото име. Поставен бил доцна синоќа, а зад ова стојат следбениците на Маршалот кои го подигнале во пресрет на 29. Ноември - југословенскиот ден на Републиката.
Споменикот стои веднаш до бистата, а личи на препознатливите споменици на Тито кои некогаш ги имаше низ цела Југославија. Според претседателот на Титови леви сили Слободан Угриновски, споменикот го поставиле граѓани, а неговите сопартијци го одбележаа празникот. Тој за „24 вести“ тврди дека за неговото поставување има технички документи, но не открива кој ја издал дозволата.
Инаку денеска навршија 70 години од Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, кога беше донесена одлука за федерално уредување на Југославија.
Слично
