Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спојот на Монсанто и Бајер ќе доминира на агро пазарот, експертите загрижени

Спојот на Монсанто и Бајер ќе доминира на агро пазарот, експертите загрижени

Американскиот земјоделски гигант Монсанто ја прифати понудата на германски Бајер од 59 милијарди евра со што ќе се формира речиси нов монопол кој ќе контролира една четвртина од пазарот на семенски материјал и пестициди. Токму мотивот за поголем профит и окрупнување на индустријата ги загрижува експерите бидејќи може да доведе до раст на цените за фармерите и крајните купувачи.

„Сега ќе имаат поголема моќ да обликуваат политики кои ќе им одговараат само на нив на сметка на корисниците, а се зголемува и можноста за лобирање кај светските влади“ проценува професорот Фил Хауард од Универзитетот Мичиген. 

Тој смета и дека со контрола над семињата, ѓубривата, пестицидите и ГМО материјалите Бајер и Монсанто заеднички ќе имаат можност за менување на строгите регулативи во Европа и да ги заобиколат правилата.

Секако договорот ќе треба допрва да биде одобрен од регулаторните тела на Европската Унија и САД и како двата гиганти ќе оперираат заедно, под кој бренд и со каков однос на понудата на средства за земјоделието и цените.


Слично

Поврзани вести