Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спектакуларен концерт на македонски уметници во Њујорк

Спектакуларен концерт на македонски уметници во Њујорк

Спектакуларен концерт на истакнатиот солист на труба Љупчо Коскаров кој настапи заедно со Јасна Аврамовска-Костенарова (пијано) и Дарко Мариновски (пијано) кој се одржа на 9 септември во ексклузивниот концертен салон Klavierhaus во Њујорк.

Не стивнуваат позитивните критики кои ги издигнаа нашите уметници на врвот на музичката интерпретација, а бројните реакции од публиката и денес се во етерот како незаборавен настан.

Имено, уметниците одбележаа два концертни настапи. Едниот, во Galery MC каде што се одржа отварање на ликовна изложба и по тој свечен момент имаа музички настап од творештвото на Ж.Бизе (Кармен фантазија) од познатата опера Кармен (увертира, хабанера, валцер и финале), Деспина – музичка свита и Тиквешки марш за труба и пијано. Публиката со посебно внимание ги проследи и ги награди со силен аплауз. На настанот присуствуваа голем број на познати уметници, универзитетски професори, бизнисмени и наши иселеници.

Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести