Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПЕКТАКУЛАРЕН ИЗУМ: Јапонците најдоа начин како работниците да НЕ остануваат прекувремено на работа!

СПЕКТАКУЛАРЕН ИЗУМ: Јапонците најдоа начин како работниците да НЕ остануваат прекувремено на работа!

Јапонците се познати по тоа неуморно да работат, но работодавците нашле спектакуларен начин работниците во таа земја да ги „избркаат“ од работа.

Имено, поедини јапонски компании измислиле изум-дрон што пее.

Планот е дронот, да лебди околу главата на работниците кои остануваат прекувремено на работа .

„Не можеш да работиш кога знаеш дека дронот ќе се појави секој момент и кога слушнеш песна и зуење“, вели Норихиро Като, директор на една од компаниите.

„T-Frend“, како што го нарекле овој дрон, може автономно да се движи според однапред програмиран лет низ канцелариите користејќи ги своите сензори за навигација околу ѕидовите и други препреки додека остануваат на одредена висина како би избегнале документи.

Се очекува „T-Frend“ да биде покренат во април, со цена од околу 500 000 јени (околу 4.400 долари) месечно.

Јапонската интензивна прекумерна култура датира од поствоениот период кога премиерот Шигер Јошида побарал од корпорацијата на своите вработени да им даваат доживотна сигурност во замена за лојалност и посветеност. Иако ова значајно ја поттиканло јапонската економија создало и стресно и дури смртоносно опкружување.

Слично

Поврзани вести