Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасувачите и нуркачите на терен – се следи состојбата на Слатинската брана

Спасувачите и нуркачите на терен – се следи состојбата на Слатинската брана
Во предпладневните часови за побрзо истекување на водата од акумулацијата Дирекцијата за заштита и спасување, Подрачно одделение Охрид со своите вработени и тимот на нуркачи ги отворија двата испусни вентили на браната. Поради неистекување од едниот вентил кој се наоѓа на 8 м длабочина, нуркачите се обидоа да го стават во функција но поради неисправност на механизмот на вентилот не беа во можност тоа да го направат. Овозможено е истекување на вода само од еден од вентилите. Вработените од подрачното одделение од Охрид заедно со тимот на нуркачи на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и ја следат ситуацијата со истекувањето на Слатинската брана и се во состојба веднаш дополнително да интервенираат ако за тоа има потреба.
Слично

Поврзани вести