Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спас за зачадени простории: Спасете се од смрдеата на цигарите со помош на овие методи!

Спас за зачадени простории: Спасете се од смрдеата на цигарите со помош на овие методи!

Димот од цигарите е опасен животен сопатник. Освен тоа, лесно се вовлекува во ѕидовите, облеката, косата во секој дел од вашиот дом и ја пореметува неговата удобност. Иако најдобро би било да престанете да пушите и така да решите многу проблеми, ви донесуваме неколку трикови како да се ослободите од димот на цигарите од вапиот дом:

Оцет или јаглен

Јагленот и оцетот ги впиваат и неутрализираат незгодните мирис. Во неколку садови ставете малку вински оцет или парчиња активен јаглен па распоредете ги во просториите во кои се пуши.

Парфем

На ладна светилка напрскајте малку парфем. Кога го зпалите светлото, светилката со загревањето  ќе шири убав мирис низ целиот простор. Мирисот на цигарите барем малку ќе се почуствува.

Омекнувач

Ако димот од цигарите се вовлече и во работите кои ги ностите, облека, накит, капа или слично, проветрете ги па завторете во вреќа во која ќе ставите влажна марамица навлажнета со омекнувач за алишта. Оставете ги така преку коќ.

Песок

Во пепелара ставете малку обичен или мирисен песок за мачки. Пепеларата подоцна лесно ќе ја исчистите, а мирисите ќе се неутрализираат.

Сода бикарбона

Содата и во овој проблем нуди решение. Навечер пред спиење напрскајте сода по тепихот и аглите во собата во која се пушти. Наутро усмукајте со правосмукалка.

Слично

Поврзани вести