Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спанаќот годинава драстично поевтин од лани

Спанаќот годинава драстично поевтин од лани

Спанаќот во март бил поевтин за 42% во однос на истиот период лани.

Ова го покажуваат статистиките, според кои цените на производите на зелените пазари биле поевтини од лани. Во втората половина на март понудата  на сезонски зеленчук на зелените пазарите се зголемила. Во најголеми количини била застапена зелката, со што и цената била пониска за 17 % во однос на лани.

Малку поскапи биле само пиперките за 0,6 %, а намалување на цените од 12 до 39 % имало и кај младиот компир, зелената салата, морковот, доматите и краставиците.

Слично

Поврзани вести