Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со протест бараа плати, по пошта добија откази дел од вработените во штипска „Жи-ва “

Со протест бараа плати, по пошта добија откази дел од вработените во штипска „Жи-ва “
Дел од вработените во кланицата со ладилник „Жи-ва “ од Штип денеска излегоа на протест пред фирмата поради неисплатените плати и придонеси. Тие се жалат дека шест месеци немаат земено плати и не им се платени придонесите. Револтирани се што иако редовно одат на работа последната плата им е исплатена за јуни, а згора на се, утринава 26 од вкупно 50 вработени,  по пошта добиле отказните решенија, јави Телма. Пред капијата денеска, раководството на Жи-ва не им одговори на овие 26 работници кога ќе ги добијат петте заостанати плати и зошто ним им се дадени откази. Во отказните решенија за работниците стои дека причина е лошата финансиска состојба на фирмата за производство на сувомеснати производи, како и намалениот обем на работа.. Вработените пак што денеска штрајкуваа, велат дека причината за нивниот отказ е единствено нивното инсистирање да се исплатат заостанатите плати. Тие најавија дека протестите ќе продолжат. За помалку од два месеци, ова е втор случај Штипјани на протест да бараат плати и придонеси. Минатиот месец протестираа илјада вработени од фабриката за обувки „Баргала“.
Слично

Поврзани вести