Економија, финансии, бизнис

Контакт

Создаден нов материјал кој во природата не постои

Создаден нов материјал кој во природата не постои

Скоро цел век научниците сакаа да го претворат во метал најлесниот од сите природни елементи, азотот.

Научниците од Универзитетот Харвард, во САД, конечно успеаја во тоа. Направија малку материја, која до сега не е видена и не постои во природата, а постои голема можност тоа да биде највредниот материјал на планетата во скоро време, пишува научниот магазин Science.

Овој материјал ќе овозможи истражување на вселената како никогаш до сега.

Металниот азот може да ја револуционизира технологијата каква што ја познаваме денес, да овозможи производство на ултрабрзи компјутери, супербрзи левитирачки возови, како и драматично да ја подобри дистрибуцијата на електрична енергија.

Сепак, научниците ќе треба да откријат дали тој материјал е стабилен на нормални температури под нормален притисок. Доколку не е, тоа ќе биде разочарување.

Слично

Поврзани вести