Совети за бизнис од најуспешните жени
Успешните жени велат дека кариерата не треба да се планира, затоа што многу од нив по завршување на школувањето не знаеле што понатаму.
Наместо тоа, велат дека треба да се биде флексибилен и отворен за многу можности.
Заборавете на скали во кариерата, денес ќе мора да се снаоѓате во џунгла. Согледајте ја ситуацијата и барајте можности на сите страни.
Вложете ја сета енергија во работата која сега ја работите.
Ако сега не ја работите добро вашата работа, ни на следното работно место нема да бидете подобри.
Морате во моментот добро да работите, инаку долгорочна можност нема да има никогаш.
Бидете свои и ризикувајте.
Семејството и децата не треба да бидат крај на кариерата.
Слично
