СОВЕТИ НА РУСКИ ПСИХОЛОГ: Вака ќе спречите школото да не го уништи вашето дете!
Михаил Лабковски, популарен руски психолог, им порачува на родителите како да одберат училиште, дали треба да се расправаат со учителите и во кој момент детето навистина треба да го оставите на мир.
Совет бр.1
Пред училиште децата не треба да се оптеретуваат со ништо. Никаков шах, странски јазици или интелектуален развој. До 6-7 години мозокот на детето физиолошки не е подготвен да прима голем обем на информации. Вие ќе изгубите пари, а детето-детството.
Совет бр.2
Немојте за прваче да барате „јако школо“. Во ниските одделенија за детето е најважно да постигне психолошка удобност. Затоа одберете нормално училиште, близу до домот. Детето нема да троши време и сила за одење и враќање, и полесно ќе му биде да гради односи со другарите од одделение ако живеат во соседството.
Совет бр.3
Првата наставничка не треба да биде „строга“ туку добра. Потребна ви е адекватна учителка која ги сака децата и работи во училиштето бидејќи ја сака таа работа. Затоа отидете во блиското училиште и распрашајте се кај родителите.
Совет бр.4
Школото е одговорност на вашето дете, а не ваша. Можете да земете одмор првите две недели на почетокот од прво одделение, а потоа договорете се со детето: „Мене твоето школо не ме вознемирува, а нема ни јас тебе да те вознемирувам“.
Совет бр.5
Престанете да испрашувате што било на секој час и претерано да реагирате на оценките. Нека темата школо стане табу. Ако детето сака да разговара за школото, разговарајте, ако не сака-не треба со клешти да му се извлекуваат зборови од уста.
Совет бр.6
Домашното не треба да го работите со детето, школската торба не треба да му ја подготвувате, дали нешто заборавил, не треба вие да водите сметка за тоа. Мислете малку на себе-тоа дете би требало да ве гледа во староста. А ако вие се работите наместо него, тоа во иднина нема да биде мал проблем.
Совет бр.7
Секако дека на своето дете може да му помогнете. Принципиелното прашање е во тоа кој прв почнал. Тоа треба да биде детето. Тоа треба да прашува: Мамо, јас ова не го разбирам? А не вие малку-по малку да приоѓате и да прашувате дали е се во ред. Ако детето не прашува ништо, значи дека се е во ред.
Совет бр.8
Ако учителот не го сака вашето дете, проблемот мора да се решава. Обидете се прво да разговарате со учителот, потоа со директорот, ако нема фајде-одете понатаму. Можете да го преместите во друго одделение, или пак дури и школо. Во никој случај детето не треба да го оставате во состојба на долг перманентен стрес.
Совет бр.9
Пубертетот е најтежок период во животот на вашето дете,тоа го знаете и вие самите. Почнува помеѓу 12 и 14 и трае до 15-16 години. Тоа е време на сложени физички и психички промени, хормонален дисбаланс, психолошки проблеми, замор. Со тоа, токму во тој период децата полагаат приемни испити. Детето може лошо да учи, од одличен до тројкаш. Мојот совет гласи: ако не сакате конфликти и тешки проблеми, вклучувајќи и обиди на самоубиство-оставете го детето на мира. Вашата задача е тоа време да помине што помирно и што побрзо за да заврши што поскоро кошмарот.
Совет бр.10
Не треба да доаѓате во отворен конфликт со училиштето-многу веројатно е дека ќе ја изгубите битката. Кога ве повикаат на разговор и ви зборуваат за силното училиште, сожена програма и потреба да се позанимавате со вашето дете-не расправајте се. Согласете се. И продолжете да работите по свое.
Совет бр.11
Не е неопходно специјално да ги развивате талентите на детето ако тоа детето не го сака. Талентот треба да нуди радост, а не да се искористува. Не треба да се напрегате, барајќи педагози за да ви даде некој одговор на прашањето: „што демне во него? Најчесто не демне ништо посебно и во тоа нема ништо страшно.
Совет бр.12
Најважно е да научите да го прифаќате своето дете неочекувајќи ништо од него. Не е важно како учи, сакајте го такво какво што е и што и да работи. Да, кога ќе има 15, ќе биде потешко отколку кога било 5. Детето не треба во вас да предизвикува одбивање. Но за да биде така, треба прво да се засакате себе.
