Економија, финансии, бизнис

Контакт

Совети: Како да го направите вашиот дом модерен !

Совети: Како да го направите вашиот дом модерен !

Современото мислење за модерен дом често се поврзува со студен и безличен изглед поради основите на кои се потпира - малку мебел и функционалност. Но всушност модерен дом треба да значи атмосфера, комфор и совршенство.

Златното правило на еден мореден дом е “и малку е многу“, затоа што предметите не го прават домот, туку начинот на кој тие се аранжирани.

Основни насоки за модерен дом

Исчистете и исфрлете ги сите излишни предмети и непотрбен мебел.

Кога ќе одлучите да креирате модерен дом, најлесно ќе започнете од слободниот простор. Треба да се фокусирате на функционалноста на секој елемент и во исто време да креирате естетска визија во просторијата.

Направете панорамски слики на собата. Погледнете ја собата од сите страни и можеби ќе забележите десетици мали детали кои не оставаат впечаток (пренатрупана маса во аголот, премногу столови, непотребни вазни со цвеќе...)

Користете едноставни бои за основата а потоа прошарајте со декоративните елементи (слики, перници, свеќи, ќилими...) Не претерувајте со декорацијата. Подобро ставете еден поголем елемент отколку група од помали. Не треба да ја пополнувате секоја празнина - слободниот простор создава удобност и го смирува видот.

Одвојте специјално место за техниката. Телевизорот, ДВД - то, домашното кино и сите слични уреди се интегрален дел од модерниот дом. Најдобро би било да ги позициониратена некои од долгите ѕидови на собатацентрално спроти мебелот.

Тие треба да се максимално подвижни а не заплетени со безброј кабли.

Прозорите треба да создадат илузија за простор, затоа избегнувајте ги тешките завеси. Ставете ролетни и венецијанерки или завеси од префинети материјали.

Слично

Поврзани вести