Економија, финансии, бизнис

Контакт

Совети: Како да добиете покачување на платата

Совети: Како да добиете покачување на платата
Дали се подготвувате наскоро да барате покачување на платата? Ако одговорот е потврден, има неколку работи кои треба да ги имате на ум. Магазинот „Космополитен“ откри дека мажите прашуваат за покачување кога ќе им текне, додека жените некако се премногу љубезни и срамежливи за да прашаат. Но, време е да го смените тоа. Послушајте ги следниве совети: Искажете се Одредено време пред да побарате покачување дајте сѐ од себе и докажете му на шефот дека тоа апсолутно го заслужувате. Ако тоа вклучува и екстра работа – прифатете, не може да ви наштети. Распрашајте се Не би било лошо доколку кај искусните колеги се распрашате дали за вашата работа би било во ред да побарате покачување. Понекогаш некој има нереални очекувања за својата плата. Добар тајминг Идеалното време за да побарате покачување е непосредно после некој голем успех. Битна е фирмата Најчесто вработените како причина за потребата за покачување ги наведуваат своите трошоци, кредитите и слично. Наместо тоа, истакнете му на шефот дека вие сте и потребни на фирмата. Сепак, во неговите очи фирмата е побитна отколку вие. Алтернатива Некогаш нема да биде можно да добиете покачување. Тогаш разговарајте со шефот за некои други олеснителни околности додека не се подобри ситуацијата, на пример побарајте некој слободен ден повеќе. Нормално дека нешто е подобро од ништо, иако во моментот можеби нема да ви изгледа така. Упорност Немојте да правите голема узбуна ако шефот ви рече дека ќе размисли за вашата идеја. Прашајте го повторно. Така нема да испаднете напорна туку упорна, а упорноста најчесто се исплати.
Слично

Поврзани вести