Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОС Детско село ќе добие донација од аматерскиот велеслалом во Маврово

СОС Детско село ќе добие донација од аматерскиот велеслалом во Маврово

Средствата собрани од 11. Аматерски хуманитарен велеслалом, Маврово 2013 ќе бидат донирани за СОС Детското село и ќе се наменат за приоритетни потреби за децата и СОС семејствата.

Во СОС Детско Село Македонија има 12 СОС семејства кои во моментот живеат 70 деца до 15 годишна возраст, а 14 младинци живеат во Младинска куќа во населбата Радишани.

- Годинава учествуваа над 180 скијачи-аматери кои за учеството уплаќаа котизација. Парите околу десет илјади евра како донација од оваа хуманитарна активност се определивме да бидат наменети за поддршка на децата без родители и родителска грижа од „СОС Детско Село Македонија“, потенцираа на затворањето организаторите, Скијачкиот Центар од Маврово.

Во женска конкуренција на манифестацијата најдобра беше Мери Вајс од тимот на Т-Мобиле, а кај мажите Иван Танев од екипата на ОНЕ. Кај ветераните најдобар беше Војо Атанасовски од Виста. За најуспешна екипа беше прогласена Сноу Спорт Академија.

Слично

Поврзани вести