Сопственикот на „Zara“ стана најбогат човек во светот
Основачот на светскиот бренд Zara Амансио Ортега синоќа се најде на врвот на листата на магазинот "Форбс" со најбогатите луѓе во светот, но на кратко.
Ортега, кој ја трансформираше компанијата за облека Inditex од мала семејна шивачница во најголемата компанија за облека во Шпанија, за кратко го престигна Бил Гејтс во петокот и стана најбогат човек во светот.
Само за една ноќ личната состојба на Ортега се покачи за 4,5 милијарди долари (5,9 проценти од општата состојба) до 80,3 милијарди долари. Причината е рекордно високата цена на акциите на компанијата до 33,99 евра за готово.
Во еден краток момент во петокот, "Форбс" го стави статусот на Ортега повисоко од Бил Гејтс. Подоцна во текот на денот, благодарение на флуктуации во еврозоната, како и порастот на акциите на Microsoft, Гејтс поседуваше 79,3 милијарди долари, а Ортега едвај 78,5 милијарди долари и тоа повторно го стави основачот на софтверската компанија на врвот.
Но кратката појава на Амнисио Ортега на врвот на Форбс во "реално време" меѓу глобалната листа на најбогатите луѓе во светот, беше поздравена во Шпанија како многу важен настан. На трето место на "Форбс" се најдоа "вечниот осомничен" - Ворен Бафет, со состојба 64,4 милијарди долари.
Само оваа година кога акциите на Inditex се зголемија речиси 40% Ортега поседува 59,3% од акциите во компанијата, која сега е најголемиот модно маало во светот. Zara расте од скромни почетоци во дождовниот северен регион Галиција до повеќе од 6.000 продавници во 90 земји.
Амнисио Ортега ја поседува фирмата Inditex, која обединува повеќе од 6,750 продавница и поседува познати брендови како Zara, Oysho, Massimo Dutti, Bershka, Pull и Bear, Zara Home, Stradivarius и Uterqüe. Брендовите на Ортега се потпираат на средната класа и не се обидуваат да завладеат со пазарот на луксузна облека. Оваа стратегија се исплатеше добро. Сега сепак производителите на луксузни стоки доживуваат тешки времиња, поради економската ситуација во Кина, поради забавувањето на побарувачката во Кина и Хонг Конг.
Во земја која неодамна излезе од рецесија, која уништила претпријатија и работни места, Ортега е ретко заеднички магнат.
Синот на еден железнички работник започнува професионален живот на 14 години како момче за испораки во северниот град Коруња. Во рок од неколку години тој почна да прави ноќница, долна облека и првата Zara ја отвора во Шпанија во 1975 година.
Ортега никогаш не дава интервјуа и ретко се снима. Тој е убедлив и ентузијастички бизнисмен кој иако постепено го пренесуваше управувањето на Zara во последната деценија продолжува да биде активен дел од неа, велат луѓето запознаени со фирмата Inditex.
Светското рангирање на списанието "Форбс" на милијардери во реално време е различно од годишната листа на списанието.
Дневното ажурирање на финансиската состојба на најбогатите луѓе во светот е врз основа на вредноста на акции и други хартии од вредност кои се во сопственост на бизнисмените.
