Економија, финансии, бизнис

Контакт

Соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

Соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

Во врска со најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци заради неисполнување на законските обврски, Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќаго соопштува следното:

Наш принципиелен став е дека сите приредувачи на игри на среќа мора да работат согласно сите позитивни законски прописи, и за ова не смее да се прави никаков компромис.

Како претставници на светски реномирани компании од ЕУ, во нашето деловно работење секогаш се исполнуваат највисоките светски стандарди во оваа индустрија. Оттука, сакаме да потенцираме дека ниту една членка на нашата Асоцијација не е засегната од најавите на Министерството за финансии.

АПИС ги поздравува напорите на Владата и Министерството за финансии за расчистување на сите околности поврзани со причините за одземање на овие две лиценци за приредување игри на среќа, бидејќи тоа е во интерес на зачувување на кредибилитетот на целата индустрија.

Со почит,

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа - АПИС

ПР објава

Слично

Поврзани вести