Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врне снег – забрани за движење на повеќе патни правци

Врне снег – забрани за движење на повеќе патни правци
Обилните снежни врнежи од 18.30 часот го затворија планинскиот премин Стража за сообраќај на тешки товарни возила . Забрана за камиони и автобуси има и на патниот правец Тетово - Попова Шапка, а за останатите возила задолжително е поседување на зимска опрема. Од 20.20 часот има забрана за тешки товарни возила и на кракот Маврово - Дебар, информираат од ЈП Македонија пат. Денеска во попладневните часови поради судир на една цистерна и два шлепери, неколку часа беше блокиран сообраќајот на патот од Дебар кон Маврови Анови. Сообраќајната несреќа се случила во реонот на  Трница и нема повредени, посочија од полицијата. Според првичните информации, причина за незгодата е пребрзото возење и  лизгавиот пат. Инаку прво дошло до судир на еден камион и цистерна,  по што налетал уште еден камион кој влетал во возилата. Во моментов сообраќајот низ Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот и југозападниот дел од државата  има остатоци од кашест снег. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот на осојните места, порачуваат од АМСМ.
 
Слично

Поврзани вести