Сони лажел, телефонот и не е баш водоотпорен-сега ќе им плаќаат на купувачите
Купувачите на Сони мобилни телефони во Америка веројатно ќе имаат право на враќање на парите доколку телефонот им е оштетен во вода.
Судот во Њујорк ја прифатил тужбата против Сони поради што ја преценил водоотпорноста на своите мобилни.
Во тужбата пишува како Сони своите купувачи ги доведувал во заблуда на реклами. Тврделе дека нивните телефони се водоотпорни да всушност се отпорни само на прскање со вода.
Една од опциите е да се вратат половина од парите од износот за кој е купен телефонот. Меѓутоа, Сони можеби ќе мора да плати и повеќе, зависно од тоа како ќе помине следното рочиште.
Слично
