Економија, финансии, бизнис

Контакт

Софтверите „Мајкрософт офис“ 365 и Мудл се спојуваат

Софтверите „Мајкрософт офис“ 365 и Мудл се спојуваат
Интеграција на софтверите Мудл и Микрософт Офис 365, најавија подружницата на „Микрософт“, „Микрософт опен технолоџис инк“ и партнерите „Мудл“ и „Римоут-Лернер инк“. Спојувањето ќе воведе поголема продуктивност кај наставниот кадар и учениците преку поедноставување на постапките при најава на нивните профили, календари и креирање на содржини, како и дополнителни подобрувања наменети за работата на едукативните институции и другите Мудл корисници. „Во тесна соработка со 'Римоут-Лернер' обезбедивме техничко решение за еден од најпопуларните системи за образовен менаџмент со отворена лиценца за користење, кој има за цел да обезбеди непречени работни процеси за корисниците на Мудл и на Офис 365. Соработката ќе продолжи во правец на собирање повратни информации како и одржување, подобрување и додавање нови функции“, изјави Жан Паоли, претседател на „Микрософт опен технолоџис инк“. Софтверот со отворена лиценца за користење, Офис 365 и Микорсофт сервисис плагинс наменети за Мудл вклучуваат интеграција со Уандрајв фор бизнис, Уанноте, и Офис 365 оутлуккалендар. Интеграцијата ќе им овозможи на студентите и предавачите, како и на бизнис корисниците да се најават на Мудл со истиот личен идентификационен број. Планираните активности креирани во Мудл ќе се зачуваат во личниот календар Офис 365 календар на професорите и студентите, овозможувајќи им полесно следење на предметите и датумите. Наставниците лесно ќе вградуваат интерактивни онлајн предавања креирани во Пауерпоинт со Офис Микс преку отворен стандард за форматирање. Предавањата можат да содржат аудио, видео, дигитал инк, интерактивни симулации или евалуации. „Ние сме почестени од можноста да работиме со 'Микрософт' на интеграцијата на Мудл со Офис 365 платформата “, рече Џејсон Кол извршен директор на „Римоут-Лернер“.
Слично

Поврзани вести