Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со земјоделско здружување до повеќе ориз во Македонија

Со земјоделско здружување до повеќе ориз во Македонија
Урбанизацијата и можностите за привлекување странски капитал за изградба на преработувачки капацитети за ориз и за други земјоделски производи, биле главни теми на денешната средба на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,Зоран Коњановски со земјоделците од општината Чешиново-Облешево. „Субвенциите лани достигнаа 4 милиони евра и нив ги користеа 3.500 семејства од регионот кои се занимаваат со земјоделство. Посебно водиме сметка за оризот. Површините во 2007 година беа 2.993 хектари, а во оваа 2013 година достигна 4770 хектари, со зголемување за 60 проценти и приноси од 6 до 7 илјади килограми од хектар“, истакна Коњановски. Тој исто така потсети на како што рече , успешната соработка со турската компанија „Тика“ во експерименталното производство на ориз на кочанските полиња. На земјоделците од овој реон пак им порача да се здужуваат и формираат поголеми задруги. Од месната заедница Чешиново денеска пак најавија дека за денот на општината планираат да сварат еден тон сутлијаш во 5- тонскиот казан во кој жителите на Сарчиево го сварија гинисовото гравче. Млекото и оризот за сутлијашот се донација од мештаните, а останата програма ќе ја финансира општината. Поради задоцнета покана до официјалните судии, годинава сутлијашот ќе се вари за рекорд, но тој нема да влезе во официјалната гинисова книга на рекорди.
Слично

Поврзани вести