Со заеднички сили на Пакомак и Шпаркасе Банка до заеднички продобивки за поздрава животна средина!
Денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ беа доделени наградите за проектот „Рециклирање?!- КАЖИ ДА!“кој веќе трета година по ред ги опфаќа основните училишта во Скопје
31.344 ученициод60 основни училишта во општинитеГазиБаба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и КиселаВодацела учебна годинаорганизирано собираапластичнишишиња, добиваа донација од течен сапун од Пакомак,и учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со цел да го увидат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.
Иницијаторите на овој проект, Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак и Шпаркасе БанкаМакедонија веќе трета година по ред ги доделуваат наградите за најдобрите училишта инволвирани во проектот.
Оваа година добитници на шесттеглавни награди се најдобрите училишта на ниво на општина, а секако се доделија уште вкупно 12 награди за второ и трето-пласираните училишта на ниво на општина.
Во учебната 2014/2015, овие ученици собраа 1.500.000 пластични шишиња, односно 37.400 килограми пластична амбалажа, што укажува на тоа дека тие ги разбираат предизвиците на денешното живеење и учат како да предизвикуваат најмало можно влијание врз животната средина и живиот свет.
„Ме радува фактот што младите генерации ги препознаваат предизвиците со кои се соочува планетата Земја и нивната едуцираност и посветеност за почитување на еколошките стандарди. Тие се нашите амбасадори, најголемите гласноговорници, нашата иднина. Затоа освен што ја наградуваме нивната посветеност и детерминираност, чувствуваме одговорност и да го развиваме, подобруваме и унапредуваме овој проект и да му дадеме дополнителна вредност. Нашите идни клучни чекори се јакнење на постоечките и развој на нови механизми за олеснување на активностите околу рециклирањето на амбалажниот отпад, но и поголеми придобивки за учениците, училиштата и сите други ангажирани субјекти“ - изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.
„Грижата за околината е еден од нашите приоритети кога се работи за проекти од општествена одговорност. Стратегијата и идентитетот на Шпаркасе Банка Македонија и општо на Шпаркасе и Ерсте Групацијата вклучува безрезервна поддршка на проекти за поздрава и почиста животната средина. Ваквите стандарди се вградени и во кредитната политика на Банката преку финансирање на проекти кои се однесуваат на заштита на животната средина, а воедно ги стимулираме нашите вработени да ги применуваат еко-стандардите во секојдневното работење. Преку проектот „Рециклирање – Кажи ДА!“, Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Пакомак ги промовира еколошките стандарди кај најмладите генерации – ученици од основните и средните училишта. Оваа година главни промотори на проектотбеаоколу 60-тина основни училишта во Македонија кои воедно се и заслужни за постигнување на импозантната бројка од 1,5 милион собрани пластични шишиња за рециклирање. Оттука произлегува и нашата инспирација за понатамошна поддршка и наградување на училиштата за вложените напори. “ – изјави Тодорка Сајкова, Директор на Службата Маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка Македонија.
Рециклирањето на амбалажниот отпад во ниту едно општесво не се иницира само од себе и затоа целта на Пакомак со овој проект, освен селектирањето на амбалажниот отпад и подобрувањето на квалитетот на животот, беше и пренесување на знаењето и промовирање на добрите еколошки практики од генерација на генерација. Исто како и во процесот на рециклирање каде една вредност раѓа нова.


