Со Виатор и Вектор, вашиот бизнис секогаш е на добар пат!
Виатор и Вектор доо Скопје веќе долги години важи за синоним за квалитетни и модерни логистички решенија. Огромното професионално искуство кое зад себе го имаат 86-те вработени, придонесе оваа компанија да стане водечки сегмент на полето на логистиката и шпедицијата во Македонија. Дополнителен показател за успешноста на оваа компанија е фактот што таа е една од најстарите во земјава кои се занимаваат со оваа дејност.
Со 15 испостави на територијата на Македонија и складиште од 5.000 м2, Виатор и Вектор нуди комплетни логистички решенија како: царинско застапување, транзитно работење, организација на секаков вид на транспорт, складирање и дистрибуција. Клиентите можат во секое време да очекуваат ефикасна, оптимална и сигурна организација на сите видови транспорт на било која релација во светот и на секаков вид стока по копнен, воден и воздушен пат.
“Како компанија со долгогодишна традиција во извршување на овие услуги, не преферираме ниту еден пазарен сегмент, ниту сме тесно специјализирана само за одреден тип на услуги. Со тоа што нуди комплетни логистички решенија, нашата компанија се издвојува од конкуренцијата”, нагласува првиот човек на компанијата, Владо Коцаре.
Како една од најстарите шпедитерски компании во Македонија, со реноме стекнато низ годините, Виатор и Вектор соработува со неколку водечки логистички компании од Европа и регионот. Во соработка со партнерите, компанијата нуди превоз на збирни пратки преку своите редовни збирни линии од и до Западна, Централна и Источна Европа како и преку редовните збирни линии од Македонија до Балканските држави и vice versa.
“Заедно со нашите партнери располагаме со 5 дистрибутивни центри во Минхен, Дизелдорф, Братислава, Белград и Скопје со вкупна површина од 70.000 м2”, објаснува Коцаре.
За нивниот збирен транспорт карактеристично е тоа што редовните збирни линии се со точно утврдени термини на поаѓање и пристигнување, а преземањето на збирните пратки од било која држава се одвива во рок од 24-48 часа по добивање на нарачката за превоз.
Од компанијата објаснуваат дека се што треба да направите за Вашата пратка да стигне од и до која било дестинација во Европа, е да ја пополните формата на веб страната www.zbirnipratki.mk и тимот на Виатор и Вектор веднаш ќе одговори на Вашето барање. Понатаму, компанијата гарантира сигурно и навремено исполнување на барањата на клиентите, оптимална достава од и до сите дестинации во Европа, транспорт од врата до врата и секако, како и навремена и точна испорака.
За потребите на транспортот на збирни пратки, Виатор и Вектор Скопје заедно со своите партнери располага со складишта во 4 градови: Минхен (26.000 м2), Дизелдорф (30.500 м2), Белград (8.000 м2) и Скопје (5.000м2). Благодарение на партнерствата со Group 7 Ag International Logistics Минхен, Германија и Transped Pro Team Белград, од компанијата гарантираат широк спектар на интегрирани логистички решенија.
“Заштедете пари и време со транспорт на вашите збирни пратки преку Виатор и Вектор. Со нас, вашиот бизнис секогаш е на добар пат”, порачуваат од компанијата.

Слично