Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со такси минатата година се возеле над 40 милиони патници

Со такси минатата година се возеле над 40 милиони патници
Над 40 милиони патници се пренесени со вкупно 2.495 патнички автомобили, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2012 година, со 2 494 патнички автомобили се превезени вкупно 40.413.000 патници, од кои 38.257.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 2.156.000 патници. Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси превоз се опфатени 2 494 патнички автомобили од 114 извештајни единици. Со истиот број на возила се поминати вкупно 74.394.000 километри, од кои 66.911.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се поминати 7.483.000 километри.
Слично

Поврзани вести