Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со средства од ЕУ целосно санирано свлечиштето кај Пробиштип

Со средства од ЕУ целосно санирано свлечиштето кај Пробиштип

Свлечиштето на регионалниот пат Штип - Пробиштип, кое однесе дел од патот за време на поплавите пред две години, е целосно санирано. Целиот зафат на реконструкција на свлечиштето чинеше 14,5 милиони денари, средства обезбедени од Европската унија преку Програмата за санација на штетите од поплавите.

Свлечиштето во близина селото Неокази, на пет километри од Пробиштип, претставуваше голема закана по безбедноста на сообраќајот. Санацијата е направена со примена на најсовремените стандарди. Изграден е потпорен ѕид со анкери и шипови и поставен е систем за целосно одводнување, со што се решава опасноста од  понатамошно оштетување.

Според градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, санацијата на свлечиштето и стабилизацијата на теренот овозможува целосно враќање во функција на овој фреквентен регионален пат кој ја поврзува општина Пробиштип со источниот дел од земјата и ја подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

За санација на инфраструктуратаоштетена од поплавите кои ја зафатија земјата пред две години Европската унија обезбеди10 милиони евра. Во рамките на компонентата за санација на транспортната инфраструктура, покрај свлечиштето, целосно е завршена реконструкцијата на пат во општина Конче, а во општина Чешиново-Обчешево, кај селото Соколарци направен е нов мост-пропуст. Една од најголемите инвестиции е изградбата на нов мост на реката Брегалница во општина Зрновци, каде работите се изведуваат со полн интензитет. 

Слично

Поврзани вести