Со пушка до помала сметка за пица
Ресторанот Ол ароунд пица во Вирџинија Бич нуди 15 отсто попуст на сметката на сите кои во ресторанот ќе донесат своја пушка, или дозвола за носење на оружје.
Кој ќе донесе пушка и му ја покаже на келнерот, јаде со попуст од 15 отсто, со одлука на сопственикот Џеј Кејз.
- Го поддржувам правото на носење на оружје и се одлучив на сопствениците на пушки и пиштоли да давам попуст - рече тој.
Овој потег предизвика бурни реакции во американскиот печат, бидејќи го слави носењето на оружје во момент кога насилството со огнено оружје е во драстичен пораст.
Слично
