Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со претстава и извежбана кореографија 35 деца ја завршија бесплатната школа за лизгање на „Еуролинк осигурување“

Со претстава и извежбана кореографија 35 деца ја завршија бесплатната школа за лизгање на „Еуролинк осигурување“

Со последниот час, 35 деца успешно ја завршија едномесечната бесплатна школа за лизгање што ја организираше компанијата „Еуролинк осигурување“.

 20160322-_MG_0003

Сите учесници на школата добија сертификати за учество кои им ги доделија професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јаштшењски-Симиќ, која и ги водеше часовите и нејзиниот асистент Владимир Поповски.

20160322-_MG_0059

Годинешната школа се организира втора година по ред на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и на неа учествуваа деца на возраст од 6 до 14 години. Таа е единствен проект од ваков вид во земјава, каде децата бесплатно може да ги совладаат основните техники на уметничкото лизгање. Идејата на компанијата „Еуролинк осигирување“ е преку овој проект да им се овозможи на најмладите активно да спортуваат во текот на зимскиот период и истовремено креативно и корисно да го поминуваат слободното време.

 20160322-_MG_0045

- Преку овој проект сакаме да го популаризираме уметничкото лизгање во земјава, но и да им покажеме на децата дека овој спорт не е резервиран само за професионалци, туку со него рекреативно можат да се занимаваат сите љубители на зимските спортови. Многу нѐ радува фактот што секоја година имаме сѐ поголем интерес за школата и многу пријавени дечиња, што нѐ охрабрува да продолжиме да поддржуваме вакви проекти и во иднина – вели Олга Костовска, Претседател на Надзорен одбор на Еуролинк.

 20160322-_MG_0033

Пријавувањето за школата се одвиваше преку фејсбук профилот на „Еуролинк осигурување“, а селекцијата ја изврши стручен тим. На избраните учесници компанијата им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки.

Слично

Поврзани вести