Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со PhotoScan албумите со слики веќе нема да ви фаќаат прашина

Со PhotoScan албумите со слики веќе нема да ви фаќаат прашина

PhotoScan е нова апликација од Google за мобилни телефони која се користи за скенирање на старите печатени слики со што корисниците ќе можат да си ги вратат старите спомени. 

Наместо сликите во албумите да ви фаќаат прашина сега ќе може прецизно да ги скенирате и да добиете квалитетна дигитална копија која засекогаш ќе може да ја сочувате во смартфонот или компјутерот и да ја споделите на социјалните мрежи. 

Спомените од детството, од минатото на вашите родители или баби и дедовци наместо да ги сликате со камерата при што се јавува отсјај ќе може лесно да ги дигитализирате со PhotoScan.




Слично

Поврзани вести