Со осигурен дом поспокојно е летувањето!
Купувањето стан или изградба на куќа е најголемиот трошок
што човек го прави во текот на својот живот. Домот е светото место, каде
наоѓаме мир, спокојство, каде се чувствуваме заштитени. Затоа е важно да го
заштитиме и осигураме од бројните ризици кои постојат.
За жал некои материјални работи откако ќе ги изгубиме, констатираме колку ни се важни! Што значат и колку ни фалат. Но сеуште има граѓани кои откако ќе им се опожари станот, кога ќе настане поплава, или ќе им се случи кражба, знаат да кажат "зошто не го осигурав домот"! И ако тоа ни се случи само еднаш некако и има оправдување, но ако се повторува тогаш сме самите одговорни за последиците, и за настанатата ситуација.
Ако сеуште се прашувате зошто треба да го осигурате домот, експертите од Кроација осигурување ни наведуваат неколку суштински причини.
Осигурувањето на домот заштитува многу повеќе од нашиот дом. Ги заштитува нашите емоции, спомени, ја обезбедува нашата сигурност и безбедност, нешто можеби најважно во денешно време. Ги заштитува сите предмети во домот!
Ако сеуште се прашувате зошто е важно осигурувањето на домот, одговорот е краток тоа обезбедува компензација за нашите евентуални загуби. Особено важно во случај на штети поради непредвидливи фактори како што се природни катастрофи како земјотреси, бури, поплави итн. Неизвесни настани кои не можат да се предвидат. Со осигурувањето на домот добиваме надомест за настанатата штета, како и за предметите во домот.
Надоместокот добиен од Кроација полисата за осигурување на домот може да се користи за обнова, за поправки и за надополнување на предметите од куќата. Така што со оглед на тоа дека постои веројатност за настанување на штета, има смисла да се инвестира во Осигурување на домот. Дополнително бидејќи на пример кога купуваме нов телевизор, нова машина, гаранцијата ни е особено важна, но таа не ги штити нашите апарати од: Кражба, излевање на вода, кршење, пожар, експлозија ризици кои се вклучени во Кроација домаќинското осигурување.
Кроација полисата за осигурување на домот е една од најприфатливите полиси за осигурување. Претставува мала инвестиција која ќе го заштити вашиот дом од загуби.
Важно е да ја изберете најдобрата полиса за осигурување според сопствените потреби и карактеристики на вашиот дом.
ПР-Објава