Со новите Foldables телефони на преклоп Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 поврзете се со другите уреди од вашиот паметен дом
Паметен дом, или Smart Home, е кога повеќе паметни уреди кои ги користите се поврзани меѓу себе, а вие можете да ги контролирате и да раководите со нив преку апликација на вашиот мобилен телефон, таблет или лаптоп. Samsung веќе го има идеалното решение за паметен дом во форма на добро познатата апликација SmartThings.

Како SmartThings ќе ви го олесни животот овозможувајќи ви да ги оптимизирате вашите домашни уреди за паметен стил на живеење прилагоден според вашите секојдневни потреби?
Со лансирањето на најновата линија уреди Galaxy, Samsung продолжува со својата посветеност да ви го направи животот ултрамодерен. На вашиот нов Foldable телефон на преклоп Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5 ќе ја најдете апликацијата SmartThings, која откако ќе ја активирате, таа ќе се поврзе со сите ваши останати паметни Samsung и други уреди и апарати во домот. Новата петта генерација телефони на преклоп чија официјална продажба кај нас започна на 11 август, освен што ќе ве плени со својот маестрален дизајн и одлични перформаси, ви овозможува супер подобрено искуство со екранот кај обата модела: Кај Galaxy Z Flip5 го добивате најголемиот надворешен екран на флип модели досега, кој ќе ви овозможи да правите сé додека телефонот ви затворен со димензија која застанува на вашата дланка, додека пак со Galaxy Z Fold5 добивате импресивен голем екран кога вашиот телефон е отворен, кој може да ви послужи како идеална замена за таблетот особено кога професионалните обврски ве стигнуваат.

Но, приказната за големи екрани можете и да ја продолжите со тоа што ќе го поврзете вашиот телефон со вашиот паметен телевизор од многу инчи на Samsung производителот, кој 17 години по ред е водечки, број 1 брен за телевизори во светот. Со Neo QLED TV или OLED TV ќе ја организирате вашата фимска вечер преку вашиот телефон, вклучително и целокупната атмосфера во домот, сега и со стандардот за поврзување Matter, кој е поддржан од 280 компании – производители на тек уреди. Преку телефонот можете да го отклучувате и заклучувате вашиот дом, да ја подесувате осветленоста во која просторија сакате, да ја мониторирате температурата – во зима да затоплувате пред да пристигнете дома, а во лето да разладувате. Светлото, температурата на воздухот и други погодности за да комплетно уживате, сега ви се овозможени само со допир на екранот на телефонот, или пак со гласовни наредби упатени кон Биксби.

Истото се однесува и на поврзување со феноменалниот проектор Freestyle, со кој ќе доживеете оригинално кинематографско искуство, секој пат кога гледате филм, било која друга содржина или стримате. Со еден тап, содржината од телефонот, ќе ја пресликате на екранот. Зарем не е тоа одлично? Но, тука не застанува поврзувањето. Сакате да го зготвите денешниот ручек вашата рерна пред да се вратите дома, или да го исчистите домот со вашата интелигента робот машина, додека пиете кафе со пријателите? Да, сево ова е едноставно и овозможено преку аплкацијата SmartThings која ја носите в џеб на мобилниот телефон. И не ги заборавајте нотификациите кои ќе ве известуваат за циклусите на перење и сушење на алиштата во вашата машина за перење алишта со вештачка интелигенција, додека сте во шопинг, на тренинг, се забавувате со пријателите или едноставно поминувате квалитетно време со семејството надвор од домот. Сакате да се поврзете и со вашата омилена Bespoke Jet™ AIправосмукалка со вградена вештачка интелигенција, со која чистењето одамна не ви претставува напор, туку е неверојатно лесно и забавно? Без никаков проблем на вашиот телефон ќе имате увид во нејзиното работење, режими, режими, батерија и сé останато.

И како шлаг на тортата доаѓа SmartThings на Android Auto, со што и кога возите на пат, можете да го контролирате и да управувате со вашиот дом, но овој пат не од вашиот телефон – секако поради безбедоносни причини додека возите, туку од паметниот екран во вашиот автомобил со што вашите очи ќе останат насочени кон патот.
Моќта на поврзаноста на Samsung екосистемот е создадена да ви го олесни животот во многу сегменти, да ви го поедностави секојдневието, а кога станува збор за забава – да ви овозможи врвно искуство на своите уреди. SmartThings ќ ви стане вашата омилена апликација за домот, а и надвор од него, која исто така може да ве поврзе и со остатите тукушто лансирани нови Galaxy уреди – паметните часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic, како и со новите таблети Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra. Новата серија Galaxy уреди кај нас е веќе достапна.
Повеќе информации за производите кои може да ги контролирате со апликацијата SmartThings прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s90c-55-inch-qe55s90catxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/highlights/
https://www.samsung.com/mk/projectors/the-freestyle/the-freestyle-sp-lsp3blaxxh/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/
https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/
ПР објава