Во Илинден веќе не му ја мислат за струја: поставена нова трафостаница!
Со цел да се подобри квалитетот и стабилноста на протокот на струја, во населбата Илинден беше поставена нова трафостаница, а во непосредна близина на Домот на култура „Илинден“
Од Опшината информираат дека наместо досегашната трафостаница која располагаше со моќност од 630 киловати, новата има јачина од 1.000 киловати, со што значително се подобрува стабилноста на преносната електро-енергетска мрежа.
„Со новата инвестиција во електроенергетскиот систем се задоволуваат потребите на граѓаните во овој дел од општината со квалитетно електроснабдување, но и потребите на новоотворениот Дом на култура Илинден“ , стои во соопштението.
Слично
