Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со консолидација на земјиште до подобра обработка и приноси

Со консолидација на земјиште до подобра обработка и приноси

Државата преку ИПА Програмата 2015 ­ 2017 година има на располагање 5 милиони евра, за консолидација на земјоделското земјиште.

Ова денеска го најави заменик-­министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски. Консолидацијата ќе значи подобра  обработка на земјиштето, поголем принос и поголема конкурентност. Ќе се реализира на доброволна основа, а интересот кај земјоделците засега е голем.

­ Ќе се направи модел што ќе ги привлече земјоделците да се вклучат во постапката за консолидација. Во битолското село Егри, ќе се консолидираат вкупно 360 хектари ­ парцели во сопственост на 214 производители.

„Консолидираните реони планираме финансиски да ги поддржиме од Програмата за рурален развој, а конкретно во Егри треба да се изградат соодветна инфраструктура, пристапни полски патишта до новоформираните парцели и канал за одводнување“ - рече Костадиновски.

Во општина Конче се работи на окрупнување на површините, со размена на приватни парцели.

Слично

Поврзани вести