Со финансиска помош ќе се зголемува добиточниот фонд
Државата со нови законски измени ќе им помогне на фармерите да го зголемат добиточниот фонд.
Финансиската помош за купување на квалитетни грла ќе биде највисока за сточарите кои имаат до четири крави. Во втората категорија влегуваат оние до десет грла, а половина од инвестицијата ќе можат да ја повратат и оние што имаат повеќе од оваа бројка.
„За овие до четири грла финансиската поддршка ќе биде деведесет проценти, за втората категорија дваесет проценти помалку. На сточарите им преостанува да достват уреден инвестиционен план и апликација која ќе им овозможи реализација на инвестицијата“- вели заменикот министер за земјоделство, Ванчо Костадиновски.
На овој начин фармерите ќе произведуваат повеќе млеко, ќе бидат продуктивни и ќе ги прошират своите капацитети. Земјоделците ја поздравуваат оваа одлука, но и онаа друга одлука со која исплатата за откупот ќе оди побрзо.
Слично
