Со далечински управувач европски полицајци ќе стопираат и македонски возила
Доколу Европската комисија ја усвои директивата според која до 2020 година сите возила продадени на пазарот во ЕУ ќе мора да имаат вграден систем за далечинска контрола поврзан со полицијата, автомобилите што се возат во Македонија ќе можат да бидат контролирани од полициски службеници од ЕУ .
Во секој момент тие ќе имаат можност да им го исклучат моторот, да ги сопрат кога сакаат, како и точно да ги лоцираат, пишува Дневник.
Иако земјата сеуште не е членка на ЕУ, ваквите уреди за далечинска контрола ќе бидат присутни и кај нас, имајќи предвид дека најголемиот дел од автомобилите што се возат во Макединија се увезени од ЕУ.
Машински експерти од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата објаснуваат дека вградувањето вакви уреди и користењето на системите технички воопшто не е комплицирано и не е спорно. Но, спорен е правниот аспект, односно дилемата дали со обврската за нивно задолжително вградување не се нарушуваат човековите права и слободи.
Слично
