Со блокирани сметки се соочуваат 35 илјади граѓани
Само за еден месец, од јуни до јули, Народната Банка регистрираше 2 500 ново блокирани жиро сметки, по што вкупната бројка на блокади се искачи на 157 080 блокирани сметки.
Заклучно со јули, во земјава имало скоро 73 600 блокирани граѓани и фирми, од кои 38 700 се блокирани фирми а 34 867 се физички лица.
Во однос на јануари, годинава НБРМ во континуитет меи пораст на бројот на блокирани сметки. Така, од јануари кога бројката изнесувала речеси 147 илјади, заклучно со јули е регистриран пораст за 12 725 ново блокирани сметки.
За една година пак, од јули 2012 та до јули годинва бројот на блокирани жиро – сметки е заголемен за скоро 26 000.
Станува збор за блокади по основ на извршни судски решенија на адреса на граѓаните и на фирмите за неплатени долгови кон банките, државата и други меѓусебни задолжувања.
Во јули, платниот промет во земјава достигна 6,1 милијрда евра.
Слично
