Со А1 Македонија сурфајте безгрижно и како туристи
Сакате да уживате во Вашиот летен getaway, а сепак сакате веднаш да го споделите атрактивното story со Вашите пријатели? Во тој случај, А1 Македонија и неодоливите RoamSurf пакети се вистинското решение за вас! Ова лето сурфаме и патуваме исто како дома! Искусете ги летните дестинации, истражувајте, споделувајте и останете во контакт со оние кои Ви значат без да се грижите за силината и квалитетот на wi-fi сигналот. Останете во тек со последните случувања и пренесете ги Вашите импресии со RoamSurf пакетите по цени од 249 денари, достапни во дури 27 земји од светот, меѓу кои и Црна Гора, Грција, Германија, Шпанија, Италија, како и многу други.
Целосна контрола и проверка во секој момент
А1 Македонија се грижи за тоа Вие да сте целосно безгрижни дури и кога патувате! Затоа, сурфајте слободно каде и да сте и заборавете на грижите дека можеби ќе го надминете вклучениот сообраќај – RoamSurf тарифните пакети на А1 Македонија се под Ваша целосна контрола, а проверка и прекин може да направите во секој момент.Детално околу вршењето проверка и прекин можете да се информирате на следниов линк.
Лесна и брза активација
Без исклучок се држиме до супериорното корисничко искуство, па затоа RoamSurf пакетите се извонредно лесно достапни и можете да ги активирате само со испраќање на една кратка СМС порака на 140999. Како и секогаш, на веб – страницата на А1 Македонија е достапно детално упатство во кое Ви се прикажани сите достапни пакети, земјите во кои можете да ги користите и сите потребни чекори и детали. Остануваме безгрижни и поврзани до крај на летото!
