Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 90 милиони јајца Москва ќе го празнува Велиден

Со 90 милиони јајца Москва ќе го празнува Велиден
Пред Велигден продавниците на Москва ќе бидат снабдени со 90 милиони јајца, поради што се очекува да бидат задоволени потребидте на главниот град на Русија, соопшти градската управа. Поради зголемената конкуренција на пазарот, оваа година за прв пат цените пред Велигден нема да бидат зголемени. Продавниците ќе бидат снабдени и со повеќе од 1.000 тон од традиционалниот велигденски колач, „кулич“, со тежина од 100 до 800 грама. За најсиромашните граѓани обезбедени се 50.000 бесплатни колачи, пренесе Верската информативна агенција. Сепак забранета е продажба на секаков вид алкохолни пијалоци, на јавните места каде ќе се прославува овој голем христијански празник.
Слично

Поврзани вести