Со 20 евра дневно тргнале да патуваат
Мајк и Ени Хауард од Њујорк иако имале работа и решено станбено прашање, одлучиле со сума од 20 евра по ден да заминат на патување.
Нивниот меден месец траел пет години и поминале 50 земји, при што раскажуваат како може да се патува лесно и евтино.
На овој начин покажале дека искуството и уживањето се најважни, независно од материјалните работи.
„Мислам дека е ризично да наполниме 65 години, да се пензионираме и да го оствариме својот сон. Ајде да патуваме додека сме млади“ - раскажува Мајк.
На почеток со 39 долари ги покривале трошоците за сместување, храна, лет и други активности.
Подоцна тој трошок го свеле на 12 долари по човек дневно.
Тргнале на пат со заштеда, а сега на honeytrek.com даваат совети за патувања и заработуваат.
Советуваат секој ден да се тргаат по 10 евра настрана за патување.
Наместо да се брза на патување, советуваат да се оди во некое интересно село каде и трошокот е помал.
Велат дека е најдобро сместување да се најде на лице место.
Според нив, најдобро е да се најде сместување во куќа.
