Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снегот тропа на врата: Кога да го очекуваме?

Снегот тропа на врата: Кога да го очекуваме?

Метеоролозите веќе излегоа со најави за снег.

Веќе од следната недела подгответе ги зимските чизми, ракавици и капи, зошто од понеделник не очекува студена воздушна маса од север.

Тој студен бран ќе донесе силен ветер и пад на температурите.

Понеделничкото попладне ќе биде клучно и ќе донесе врнежи кои на повисоките места ќе бидат од снег.

Веќе во вторник снегот се очекува да тропне и на врата во пониските делови.

Што се однесува до дневната температурата таа според најавите ќе се задржи околу нула степени Целзиусови .

Веќе од петок и викендот што е на повидок не очекува променливо облачно време со повремен слаб дожд.

Сепак викендов ќе биде релативно топло време, а маглата ќе се расчистува.

Слично

Поврзани вести