Смртта на најбогатата жена во светот го потресе светот на бизнисот
Лилијан Бетанкур, француската наследничка на козметичкиот гигант L'Oreal, почина минатата среда во 94-тата година од животот, а веста за нејзината смрт го обиколи цел свет.
Веќе во петокот, два дена после нејзината смрт акциите на компанијата пораснаа за 2,5%, што ја зголемило вредноста на оваа компанија за речиси милијарда долари.
Во соопштението дадено за Гардијан, ќерката на Лилијан Бетанкур, Франсоа Бетанкур Мејерс, рекла дека Лилијен „мирно го напуштила“ овој свет, иако причината за смртта не е официјално објавена. Во момент на нејзината смрт, Лилијен официјално била најбогата жена во светот, со проценета нето вредност на компанијата од 44,7 милијарди долари,според пишувањето на Форбс магазинот.
Изненадната добивка во петокот, која додаде 963 милиони долари вредност на акциите на Бетанкур, изгледа дека е предизвикана со шпекулациите за иднината на L'Oreal.
Некои аналитичари сугерираат дека Нестле кој веќе поседува 23% акции во компанијата, може да го зголеми својот дел. Нестле не смее да го зголеми сопственичкиот интерес до шест месеци по смртта на Лилијан.
Инвеститорите веќе подолго време живеат на сметка на L'Oreal. Цената на акциите пораснала за 88% во последните пет години и достигнала рекордно високо ниво во јуни оваа година. Пред нејзината смрт, Бетенкур и нејзините наследници поседуваа 33% акции од бизнисот.
L'Oreal ја основал во 1907 година таткото на Лилијен Бетанкур-Еуеген Шилер. Лилијен била негова единствена наследничка. Во текот на нејзиниот живот, бизнисот енормно растел и сега компанијата остварува приходи од просечно 28,5 милијарди долари. L'Oreal козметичкото портфолио вклучува брендови како што се Lancome, Ralph Lauren, Giorgio Armani, Maybelline, Redken и Essie.
Позната како срамежлива во јавноста, Бетанкур била во центар на вниманието во своите доцни години со низа правни битки кои ги водела. Во 2011 година судот утврдил дека нејзината ментална состојба, која предизвикала деменција, ја прави несоодветна за управување со компанијата. Била под старателство на својата ќерка и внуци, а на чело на управниот борд на L'Oreal, ја наследил внукот Жан Виктор Мејерс.
Исто така во 2015 година судот донел кривични постапки против осум луѓе кои ја измамиле Лилијан за милиони долари.
Зад Лилијан Бетанкур останаа нејзината ќерка Франсоа и нејзиниот сопруг Жан Пјер Мејерс како и две внучиња.
